По речиси изедначениот резултат на изборите на кои вистински победник е ДУИ, СДСМ почна да бара виновници за пировата победа.

Според „Бихаќка“ виновник е ВМРО-ДПМНЕ иако е јасно дека тоа е само параван за да се скрие расколот во СДСМ и се погласните барања за оставка на Зоран Заев. Барањата за негова оставка доаѓаат од т.н скопско крило кое важи за интелектуално за разлика од струмичкото кое сега владее во партијата и за кое е јавна тајна дека е длабоко навлезено во криминал.

За СДСМ да продложи да се развива, Заев мора да падне-се погласно се коментира во партијата.

Затоа, во медиумите кои се под нивна контрола започна оркестриран напад над актуелното раководство со цел партијата да биде преземена од истите ликови кои учествуваа во притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, односно т.н независни  да гласаат за промена на името.

Хорското пеење и „грижа“ за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат од Бихаќка и од никаде на друго место.

Но, малку е веројатно дека во тоа ќе успеајат а на тоа укажуваат одлуките на Извршниот и Центалниот комитет кои му дадоа безрезерна поддршка на лидерот на Христијан Мицкоски.

Од друга страна пак очигледно е дека во СДСМ нема никаква еуфорија по изборите. Тоа најдобро се виде вечерта по изборите кога Заев со очила се обидуваше да изглуми победа која дури и тој знае дека е рамна на пораз. Јасно е оти без коалицијата со Беса тој ќе беше поразен од ВМРО-ДПМНЕ и оти албанскиот коалициски партнер му ја спаси партиската фотелја.Барем засега.

Во СДСМ со право бараат смена на Заев бидејќи тој на состаноците на партиските тела ветувал победа од над 100.000 гласови која на крајот се сведе на само 13.000. Причина за тоа се кадовските решенија лојални на Заев кои не можат да привлечат гласови, туку напротив може да придонесат да се изгубат и традоционалните сдсмовски гласачи.

Затоа, се бара метлата која му ја подарија во една прилика да заигра, и тоа прво од Заев а потоа и за сите околу него. Колку побрзо толку подобро , како за партијата така и за државата.