Петнаесетгодишен мотоциклист е тешко повреден, а неговиот сопатник и врсник се здобил со полесни повреди вчерапопладне во сообраќајка на крстосницата од улиците „Илија Николовски Луј” и „Глигор Прличев” во Битола.

Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен наведува дека сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило Рено меган, управувано од Д.Т.(60) од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.