Во гостување на Телма, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека нема никаков контакт со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Сум немал контакт подолг временски период затоа што сметам дека тој е нејголем виновник за состојбата во која се наоѓа СДСМ во моментов, рече Димитриевски.

Во однос на изборот на Ковачевски за нов лидер на СДСМ, Димитриевски смета дека секој човек кој ќе дојде на позиција треба да добие најмлаку 100 дена за да докаже што знае.

Најголемото прашање е дали сакаат да направат суштински реформи, истакна тој.

Градоначалникот на Куманово, вели дека е подготвен во секој момент да разговара доколку некој од раководство даде поддршка на ставовите кои ги имал.

На прашањето дали би прифатил нова позиција во партијата или во централната власт доколку тоа му биде понудено од страна на новиот претседател на СДСМ  Димитар Ковачевски и иден мандатар на Владата, смета дека најпрво Ковачевски мора да се огради од претходните ставови на раководството на партијата.

-Јас не делувам за да добијам јавна или политичка функција, туку делувам во интерес на граѓаните и државата. Мојот политички интерес е многу поголем во однос на државниот и јавниот интерес отколку на политички позиции. Ќе чекам да има оградување на сите претходни ставови на партијата. Ние не можеме да манипулираме со граѓаните. Мора да бидеме искрени со грѓаните, и да им објасниме зошто нашата држава 30 години стагнира во исто место, а политичките партии играат пинг-понг со проблемите на лева и десна страна, изјави Димитриевски.