Македонија и Србија се рекордери во регионот според степенот на корупција и поткуп, покажува глобалното истражување на интернет страницата Нумбео.цом. Сајтот повеќе од десет години се бави со анализа на податоци од областа на криминалот, коурупцијата и безбедноста на граѓаните и на странците.

Што се однесува до криминалот, во Македонија има мала стапка, а најдобро е рангирана Хрватска, каде речиси и да нема криминал.

Истражувањето покажува дека стапката на криминалот во Македонија се влошила во последните три години, а најголем проблем е „високиот степен на корупција“, според кој сме први во регионот со акумулирани 83.39 бодови. Србија е зад нас со 80.36 бодови, односно многу висока корупција и овие земји се пред Косово и Албанија.

И Бугарија има висока корупција, и таа собрала 79 бодови, а на ова поле не им цветаат розите ниту на Грците, каде е измерена исто така висока корупција со над 60 бодови, а Грција стои лоши и со криминалот, со оценка „висок“.