Распуштање на Спобранието и спроведување предвремени парламентарни ибори заедно со претседателските оваа пролет побвара вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со партнерите од Коалицијата За подобра Македонија.

Мицкоски истакна дека со последните одлуки во Собранието, како и со објавувањето на истите во Службен весник без потписот на претседателот, е извршен атентат врз државата.

Со партнерите е договорено да се поднесат кривични пријави и ќе се поднесе претставка пред Уставниот суд за законот за јазиците. Разговарано е и за остуствотото на реформите, рече Мицкоски.

„Бараме парламентарни ибори заедно со претседателските, за граѓаните да одлучат дали се за понижена Северна Македонија или за горда Република Македонија“, истакна Мицкоски на вечерашната прес-конференција одржана пред партиското седиште во Скопје.