Европската комисија препорачува отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија, објави еврокомесарот Јоханес Хан.

Ова е прва препорака за Албанија, а десетта за Македонија.

Со задоволство констатирам дека Албанија и Северна Македонија остварија напредок . Првите во правосудниот систем. Македонија со двата договора со Грција и Бугарија е светол пример за другите. Затоа, предлагам да ги отвориме преговорите со Македонија и Албанија и тоа веднаш“, рече Хан.

Одлуката дали Македонија ќе започне со отворање на поглавјата ќе ја донесат националните влади.