Со пет гласови за и ниту еден воздржан, собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Причина за одлуката за одземање на мандатот на поранешниот премиер, е тоа што Груевски повеќе од шест месеци е отсутен од работата на Собранието.