Се очекува  Македонија денеска до американскиот Стејт Департмант да го достави ратификуваниот Протокол за членство во НАТО, со што земјата и официјално ќе стане 30-та членка на Алијансата, објави американскиот портал специјализиран за одбранбени прашања „Дефенс Њуз“.

Ваквиот чекор следи откако Шпанија минатата недела го ратификува Протоколот, како последна меѓу членките на НАТО, по што генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на 20 март упати писмо до премиерот Оливер Спасовки со кое официјално ја покани Македонија да стане 30-та членка на Пактот, наведува порталот.

Стејт департментот во средата информира дека на 19 март 2020 година биле исполнети условите за „влегување во сила на Протоколот за пристапување на Република Македонија кон Северноатлантскиот договор, изготвен во Брисел на 6 февруари 2019 година.