Од денеска започнува вакцинацијата и 73 и 74-годишни граѓани а на располагање ќе бидат 2.500 вакцини Спутник , дополнети со 2.000 Астразенека и 1.000 кинески вакцини.

Од  вакцината „Спутник“, на крајот на денов ќе останат околу 2.500, кажувам приближни бројки, на кои ќе надополниме 2.000 вакцини на „АстраЗенека“, остатокот од 24.000, бидејќи 22.000 се веќе распределени. И плус 1.000 кинески вакцини кои стигнаа како донација од Обединетите Арапски Емирати. Тоа е отприлика за вкупната бројка на граѓани до вчера пријавени во Скопје на 73 и 74 години. Како ќе доаѓаат вакцините, така ќе се надополнуваат системите, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче за периодот кој следува најави масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во А1 Арената Борис Трајковски.

Според него, со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.

Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Најавени се и масовни вакцинации во градовите Куманово, Штип, Охрид, Тетово, Кавадарци, покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар“ рече Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.