Власта од една страна ќе не затвора дома со полициски час кој ќе трае од 22 до пет часот наутро, како последица на ширењето на корона вирусот, а од друга страна по нашите домови ќе ни праќа по тројца попишувачи за да им го реализираат најавениот попис, а кои нема да бидат ниту вакцинирани, ниту пак тестирани за да се знае дали се носители или не на вирусот.

На ваквата нелогична и несфатлива одлука на власта реагира медицинско здравствената фела, која е во првите борбени редови со невидливиот непријател, кој ги клекна на колена како здравствениот систем на Македонија, така и економијата која е во рецесија.

Доктор Кирил Лазов, кој е член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека без масовна вакцинација не треба да има попис во Македонија. Тој додава многу е недвосмислено е во државата да има рестриктивни мерки како полициски час, а од друга страна по домовите да влегуваат по тројца невакцинирани попишувачи, затоа што државата нема набавено.

– БЕЗ МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА НЕ ТРЕБА ДА ИМА ПОПИС! Апсурдните ликови Филипче и Заев ни подготвуваат попис, кој треба да биде статистичка, а не политичка операција, ама ќе го исполитизираат и искористат во нивните политикантски драмолетки. Истите тие ни воведоа мерка полициски час, ни помалку ни повеќе од 22:00 – 05:00. Тоа значи дека преку ден ќе се пипишуваме, а ќе не потпишуваат невакцинирани попишувачи за кои нема набавено вакцини, а од 22:00 ќе бидеме под мерка полициски час. Каква двосмисленост! Каква лицемерна политика! Без масовна имунизација не треба да има попис!, пишува доктор Кирил Лазов на социјалната мрежа Фејсбук.