Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ побара од премиерот Заев да каже, кога вели дека според законот може да бидете и премиер и министер, кој е тој став и кој член.

„Ве молам кажете кој е тој став од членот? Откако сте на власт својствено за Владата е непочитување на законите. Исто е со законот за антикорупција, кој својот изглед го доби заради опозицијата. Но, за жал владејачкото мнозинство не го знае овој закон“, рече Лашкоска.

Заев одговори:„Покрај желбата да им служам на граѓаните не постои поголема желба. До сега беше јасно што беше судир на интереси. Неспоиво е ако станува збор за различити власти. Јас се повлеков од градоначалнилка функција, на пример. Член 11 став 2 дава целосно право да се пренесат овластувањата на министерството. Не одам таму само да потпишувам, туку да носам храбри одлуки“.