Претседателот на НДП, Весел Мемеди на прес-конференција најави дека не може да се пазарува со премиерот Зоран Заев за размена на Министерството за локална самуправа, затоа што оваа министерство им припаѓало на Албанците.

Мемеди, кој е и потпретседател на Собранието најави дека ќе поднесе оставка на функцијата потпретседател и ќе го врати пратеничкиот мандат, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата.

Како што нагласи Мемеди, партиските тела ја донеле ваквата одлука откако Собранието го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фезлиу.

Затоа што целата јавност знае дека сме дале збор дека ќе ја кажеме вистината и само вистината, ја информираме целата јавност за нашиот став. Како прво, не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе министри Албанци, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го доставам оваа министерство на коалициониот партнер на СДСМ – изјави Мемеди.

Лидерот на НДП додаде дека тој нема никакво морално, ниту какво било друго право, да жртвува една чесна и способна фигура како што е министерот Сухејл Фазлиу.

Со предложената владина реконструкција  за нов министер за локална самоуправа е предложен претседателот на ЛДП, Горан Милевски.