Австрискиот канцелар Себастијан Курц му го честита на Стево Пендаровски изборот за нов претседател на Република Северна Македонија.

Честитики за новозибраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски. Ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата земја на патот кон членство во ЕУ, напиша Курц на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пак, на Твитер напиша: Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО