Мандатот на Никос Коѕијас, на позицијата шеф на грчката диполоматија, ќе остане запаметен по штетниот Договор од Преспа и отстапувањето на македонската националност и јазик, смета одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демокртија, Јоргос Кумуцакос.

Отчетот за мандатот на Коѕијас ќе остане во историјата и во свеста на Грците по национално штетниот Договор од Преспа и по отстапувањето на Скопје на „македонската” националност и јазик – напиша Кумуцакос на твитер.