Деветнаесет годишно момче загинало, а 16-годишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат село Горобинци-Свети Николе.

Несреќата се случила кога автомобилот марка „Ауди“ со бугарски регистерски таблички, во којшто се возеле двајцата млади од Свети Николе, излетал од патот и удрил во дрво.

Во незгодата на на лице место починало момчето С.С., коешто го управувало автомобилот, додека неговата  сопатничка, по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.