На Фејсбук кружи објава во која се повикуваат граѓаните на 4-ти февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје за да оневозможат бугарски националисти да дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.
„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.
Comments are closed for this post.