Предлог законот за амнестија содржи пет членови и се работи за две групи на луѓе.Предвидува дека секој оној што е казнет до десет години веднаш да биде пуштен од затвор а оние над десет години да има педесет процентно простување на казната.

Ако се земе во предвид дека луѓето се во затвор пет и пол години тоа ефективно би значело или веднаш или набргу излегување на слобода, објаснува адвокатот Јанаки Митровски во интервјуто за „Република“.

Неспорно е дека кај обвинетите постои вина, но оти највисоки казни добија оние обичните смртници а дека оние што во хиерархијата беа погоре и имаа политичка моќ да се пазарат, не само што не лежеа затвор туку беа и наградени, Рамчиловиќ е амбасадор, Крсто е милионер, Канческа демек се суди.Сето ова кај мене како адвокат и кај осудените и нивните семејства создава револт. Со законот за амнестија од 2018 година требаше уште со име и со презиме да напишат за кого е наменет овој закон. Проблемот со тој закон беше демек е за луѓе кои не извршиле насилно делание. Нив ги вадеа о притвор и ги носеа на гласање.Ние не ги потценуваме последиците од дејанијата на осудените но останува фактор дека последици од изгубен живот нема.Ние не велиме тие луѓе да не лежат.Тие веќе шеста година се во затвор и ние сметаме дека е доволно. Не е моја обврска да дојдме до 61 пратеник, наше е да се обидеме.

Според него состојбата во македонските затвори е ужасна и оти малку се работи на рехабилитација на самите затвореници.

Во Шведска затворот е како хотел од четири звезди. Сметам дека во затворите во Македонија телефони треба да се дозволуваат за комуникација со семејството. Можеби не интернет. Тоа ќе придонесе за дисциплина на затворениците.

Митровски го објаснува случајот со Христијан Пандиков кој доведе до влошување на односите меѓу Македонија и Бугарија.

Проблемот е што ние немаме сериозна држава и бугарските служби роварат колку сакаат а нашето контраразузнавање спие наместо да сузбие.Кај него е најдено 0,3 грама кокаин и тоа нема да доведе до обвинение бидејќи нема над два грама наменето за продажба.Против било кој да се води постапка каде не се изречени мерки за присуство слободно може да ја напуштате државата и да се враќате. Овој предмет се злоупотреби да се прават циркузи, да се праќаат владини авиони небаре нема болница во Македонија.

За адвокатот најскандалозно е однесувањето на министерот за надворешни работи Османи кој рече дека него не го интересира што ќе покаже истрагата туку што кажал оштетениот.

Тоа нас не доведува до прашањето дали воопшто ни се потребни обвинителства и судови.Нека одат предметите кај Османи и тој ќе ги решава и ќе пресудува и тој ќе биде судија и обвинител. Тоа е непримерен притисок врз судот. Не е тајна дека македонската судско-обвинителска власт е под директно влијание на политиката и ова е јасна порака Османи и Владата очекуваат осудителна пресуда.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески