Петгодишно дете било каснато од улично куче во Скопје. Според информации на МВР, Вчера во 11:40 часот во Полициско одделение Сарај, 34-годишниот С.Б. од село Горна Матка, скопско, пријавил дека истиот ден околу 09:00 часот, неговиот петгодишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.