На денешната работна посета на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ разговаравме за повеќе теми значајни за двете држави меѓу кои и Отворен Балкан како одлична иницијатива и дополнителен импулс за регионална соработка, добрососедство и имплементација на европските вредности во нашиот регион, напиша премиерот Димитар Ковачевски.

Организирање на третата заедничка седница ќе е позитивен поттик за натамошниот развој и интензивирање на односите и соработката, особено во областа на економијата.