Владата на СДС и ДУИ со Таче и Али зад себе има година со 365 скандали. Оваа скандал влада за оваа година “успеа“ да ги осиромаши и украде граѓаните до максимум, да приреди нови понижувања и меѓународни срамови, но и да ги наполни џебовите на своите функционери до врв.Меѓу другите скандали на оваа скандал влад ВМРО-ДПМНЕ за  оваа година издвојува.

Аферата Паразити, која откри дека додека се кратат пари за земјоделците, образованието, здравството под изговор за криза, директорите именувани од оваа власт добивале мрсни хонорари тешки, па така за еден мандат добиле дури и до 920 минимални плати.
Дополнително ги излажаа работниците, па така наместо ветеното покачување на плати, синдикалците останаа со кратки ракави во време на галопирачки раст на цените. Цените одамна ја добија трката со платите, па осиромашените граѓани почнаа наместо на кило да купуваат на парче.

На енергетски план состојбата е уште покатастрофална. Поради ниското ниво на производство на домашна електрична енергија, власта троши во просек по милион евра дневно за увоз. Ваквиот увоз значи празнење на буџетот, но и матни зделки и набавки.
Колапс се случува на секое поле. Функционерите на власта се фрлени на злоупотреби, криминал и корупција, а најлошото е што Ковачевски најави дека ќе продолжат по истиот принцип и понатаму “како и до сега“.

Ова мора да престане. На Македонија и требаат час поскоро предвремени избори и промена на оваа корумпирана и криминализирана власт.