Ковачевски е слугата на Ахмети, патрон на бизнис интересите и фолирантите од Левица, изборите се решение.Toj е заробеник на Ахмети, цела година помина буквално како до сега, со криминал и корупција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозицициската партија, Ковачевски ги штити сите луѓе на Ахмети, од Груби, Османи до Буши, затоа што знае дека само тој го држи на премиерското столче.

Покрај на Ахмети Ковачевски станува и поданик на фолирантите од Левица со кои е во коалиција во град Скопје и на многи други места. Деструкцијата нивна ја гледаме и по нефункционалноста на град Скопје.

И додека слугува Ковачевски, бизнисите на неговиот кум и неговото потесно семејство се шират низ државата, на кои патрон е токму тој.

Влада на Ковачевски е проблем за Македонија, само предвремени парламентарни избори се решение и излез од коалицијата на која матните зделки и тендери им се пред се.