Ковачевски да побара отворање на македонски културни центри во Бугарија, како и заштита на Македонците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски да излезе и да не се крие од граѓаните. Тој ја одмолче посетата на Петков и не побара од него реципроцитет.

Дополнително Ковачевски не го потсети Петков дека доаѓањето во Битола е одлична можност тој да се извини за жртвите од бугарските фашисти во Македонија.

Ако Ковачевски не отстапува од македонските црвени линии, тој ќе го побара сето ова веднаш од Петков.

Ковачевски треба да ги штити македонските позиции, и да се придржува до Декларацијата изгласана во собранието, стои во партиското соопштение.