Лондон сака да го избрише од својата историја големиот Вилијам Гледстон. Моментно се спроведува анкета како да биде преименуван паркот во западниот дел од градот, што е распослан на 86 акри. Така политичарот, кој четири пати владеел како премиер ќе биде избришан од историјата, пишува „Дејли меил“.

Предлогот е на општинскиот совет во кој доминираат лабуристите, а иронија на судбината е што Гледстон е еден од најпознатите нивни претставници.

Причината за ова е што таткото на Гледстон бил робовладетел. Тој дури добил и компензација од 9.000 фунти во 19 век, кога робовладетелството било престап. Самиот Вилијам Гледстон, пак, секогаш тврдел дека робовладетелството било престап, но очигледно тоа не било доволно.

Гледстон во пролетта 1877 година до последен момент се залагал против воено решение на Источната криза, предлагајќи на Бугарија да и се даде автономија. Во 1878 година гневно го осудува Берлинскиот конгрес и позицијата на тогашната британска влада предводена од Дизраели.

Неговата политика на подржување на малите народи на Балканот против османлиската управна власт водела кон тоа тој да се застапуива за посебен договор со кој територијата на османлиска Македонија би била организирана како автономна област, поради што при крајот на својот живот, во 1897 година, тој ја истакнува паролата „Македонија на Македонците или целосно цитираната фраза гласи:„А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?“.

Во Бугарија, пак, се споменува само фразата „Македонија на Македонците“ и брошурата „Македонското прашање“ во која е поместено и писмото на Гледстон до Стивенсон. Во предговорот, Стивенсон пишува дека Гледстон го користи терминот „Македонци“ како колективно име за разновидното население во областа. Идејата на Гледстон е дека тоа население, кое е подложено на секакви притисоци и „вооружени пропаганди“, треба да биде оставено слободно да се самоопредели и да добие автономија.