По вчерашната афера што ја откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се наметнуваат неколку прашања. Аферата „Мафија 2“ откри 20.000 лица кои имаат двојни матични броеви. Покрај обични граѓани, такви матични броеви броеви добиле и познати криминалци како Седат Пекер кој стана Џадин Адемовски од населба Чаир..

Но, власта како да се заборавила во „штелувањето“ на матичните броеви па така Џадин има и брат близнак Џеладин со кој се родени на ист датум и во иста година, но замислете во различно место.

Па така, на локалните избори Џадин, односно Седат ќе гласа во училиштето „Имри Елези“ во Чаир а неговиот брат близнак Џеладин во училиштето „Дитурија“ во Сарај.

Дека оваа појава е повеќе од сериозна покажуваат и резултатите од последните парламентарни избори каде разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше само 12.000 гласови. СДСМ освои 327.408 гласови а ВМРО-ДПМНЕ 315.344.

Останува нејасно дали и колку од овие со двојни матични броеви гласале на избори и дали можеби тие ја направиле клучната разлика во корист на СДСМ.

Згора на тоа, за сомнежот да биде поголем директорот на управата за водење матични книги, која е под Министерство за  Правда, му недостасуваат 100.000 обрасци.

Но,одогвори на ова нема, освен дека пробелемот датира од поранешна Југославија, односно од 1981 година