На редовниот утрински состанок со директорите на ковид-центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капацитети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем, објави на својот Facebook профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во моментов, посочува министерот, имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, напиша Филипче.