Вицепремиерот Бујар Османи го оправдува донесувањето на Законот за амнестија и дека тој помогнал за подобра комуникација помеѓу пратениците при носењето на важни одлуки за државата.

Колку и да е политички непопуларен, можеби е и штетен, сметам дека беше добро решение како да се создаде простор за подобра комуникација помеѓу пратениците во еден важен период за државата, за подобра комуникација за носење важни одлуки за државата. Не е ова решение измислено во Македонија, тоа е преземено од најдобрите пракси во светот, притоа внимавајќи на ниту еден начин да не се промовира принципот на неказнивост. Тоа мислам дека го гледаме со тоа што Собранието не е тоа што ќе квалификува кој е виновен а кој не, туку Судот ќе ја води постапката.