Во Македонија денеска на гости е принцот Едвард кој доаѓа на покана на британската амбасада. За него малку се знае и не е експониран во јавнота како неговиот брат Чарлс или пак внуците Хари и Вилијам.

Едвард е најмладото дете на британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип, војводата од Единбург.

Едвард, грофот на Весекс е роден на 10 март 1964 година, во палатата Бакингем, во Лондон. Тој беше образуван од гувернанти до седум години, а потоа испратен на училиште.

На 6 јануари 1999 година тој се ожени со Софија Рис-Џонс. Свадбата се одржа на 19 јуни, истата година. На денот на венчавката, мајката на Едвард Елизабет му доделила на својот син титулата гроф од Весекс. Брачните другари ги извршуваат своите должности како членови на кралското семејство и добиваат 141.000 фунти годишно. Принцот полека почна да ги презема должностите на својот татко, кои со години се повлекува од јавниот живот.