Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска на прес конференција реагираше на, како што рече, грубото прекршување на Договорот од Преспа

Може на техничката министерка за труд и социјална работа, Рашела Мизрахи да не и се допаѓа новото уставно име, но тоа не и дава за право да не го употребува. И мене не ми се допаѓа Скопје 2014 година, па одам на работа во зградата на министерството за надворешни работи, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Тој нагласи дека непочитувањето на Договорот од Преспа е опасно за понатамошните преговори со Европската Унија.

Однесувањето на Мизрахи повлекува политичка и правна одговорност. Јас му сугерирам на претседателот на владата, Оливер Спасовски да ја разреши од функцијата технички министер за труд и социјална политика.

Прашан дали непромената на сообраќајните табли во Грција претставува непочитување на Договорот од Преспа, Димитров рече редовно до соседната земја се реагира за побрзо имплементирање на Договорот.