Со потпишувањето на Преспанскиот договор, а поанатму и со неговото спроведување се отвора „македонското прашање“ во Грција. Ова може да се констатира ако се следат изјавите на највисоките лидери, а особено деновиве и во медиумите.

Секако, треба да се има предвид дека „македонизмот“ или постоењето на македонско малцинство во Грција е табу тема, а од друга страна општесвотото по тоа прашање, но и во однос на другите малцински групи, е ригидно и диригирано од национализмот, или, како што некои сами признаваат – Хеленизмот.

Деновиве за постоењето на Македонците и нивниот македонски јазик и култура пишуваат „Катимерини“, се пренесува репортажа на Би-би-си, а мошне интересна анализа е обвјавена во „Ефимерида тон синдактон“, во која се „разголени“ некои историски факти и кои не одат во прилог на актуелниот грчки историски наратив.

Ова, се очекува, исто така, да биде предмет на спроведувањето на Преспанскиот договор во делот за прочистување на учебниците по историја.

Авторот на обемната анализа поставува една дилема – како во иднина историчарите ќе гледаат на тоа што сега се случува со Македонија? Дали во иднина историчарот (или кој било друг) ќе треба да се измести од офиијалната грчка историја?

Колку сериозен ќе биде некој кандидат за премиер кога на германски канцелар ќе му каже дек тој „нема да дозволи колонизација на северна Грција“, со што половина од државната територија ќе ја изедначи со уставно различниот етнички идентитет, како на пример што е Каталонија? Или доколку во парламентот формално објави оти Преспанскиот договор формално дозволува основање македонски јазик и македонска цивилизација во Северна Грција“.

Секако тука авторот мисли и на судските пресуди кои Македонците од Грција ги добија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а кои до сега Атина ги нема спроведено. Една од нов е отворање на Куќа на Македонската цивилизација.а

За да се дојде до некои конечни одговори ќе треба да помине еден период на соџвакување на темата во Грција, но затоа и авторот потестува на некои историски факти. Еден од нив, а тоа прашање беше поставено и во грчкиот парламент е – кога (егејска) Македонија стана грчка?

Во сите мапи, па и во грчките, Грци речиси и немало во Македонија

Притоа се потсетува на пописот од 1920 година каде речиси нема Грци во егејска Македонија при што се спомнува за „13.000 лица кои го говорат македонскиот јазик“, но се се именуваат како Македонци. Потоа се наведува дека во 1923 година со размената на населението почнува етничко чистење во Македонија.

Во едно писмо од издавачот Ламбракис до премиерот во егзил, Емануел Тсудерос, пишува дека „населението во тој регион, околу 1000.000 се толку вкорените со местото што само под силен притисок можат да се протераат“. Тоа јасно кажува дека Македонците таму се домородно население.

Кукуш запален од грчката армија во 1913

Авторот на анализата Тасос Костопилос пишува дека „благодарение на нацистичките окупатори „проблемот на несовршениот Хеленизам во Солун беше решен со требење на Евреите, но не и тој со со славо-Македонците“. Во тој контекст Македонците се изедначуваат со Судетските Германци во Чехословачка.

Ова за многумина се познати историски факти, а ги има уште, но за нив не се зборува официјално, или се забранети во историските читанки. Дали и како грчкото општество ќе се справи со ова останува да се види.

Македонците во Грција се „појавија“ пред паѓањето на Железната завеса, тие со години ги бараат своите права, беа потврдени и од независната експертка за човекови права на ОН, Геј МекДугал…а сега со Преспанскиот договор имаат меѓудржавен договор на кој можат во секое време да се повикаат.