Во македонско бугарската Комисија за историски и образовни прашања да се поканат неутрални странски историчари за да се деблокира процесот, предлага европратеникот Андреас Шидер. Тој апелира страстите да стивнат, а идентитетот да не биде тема на расправа за да се откочи стартот на преговорите. Европратеникот од Австрија е разочаран бидејќи во извештајот за напредокот не само што не влелге амандманите во кои се осудуваат бугарските провокации, туку напротив самата дебата во Европскиот Парламент станала сцена за нови бугарски провокации.
Известувачот за Македонија, Илхан Кучук порача дека довербата меѓу Скопје и Софија треба да се врати преку конкретни и прагматични проекти. Според него билатералните прашања не смеат да бидат пречка за евроинтеграцијата. Загрижен е поради случајот со фалсификуваните пасоши издавани на криминалци во регионот.
Кога станува збор за неодамнешните скандали, ЕУ е длабоко загрижена за последниот развој на настаните во С.Македонија. Не, ова нема да се рефлектира на извештајот за напредокот, бидејќи излезе по неговото завршување. Но, секако потребни се длабоки реформи во правосудството, правната рамка и владеење на правото, што е основна вредност на ЕУ, рече Ќучук.
Шидлер смета дека ЕК потфрли во корона кризата и го остави регионот без вакцини. Австриецот посочи дека региониот се помалку е застапен на агендата на Унијата, а Европскиот парламент треба да го промени тоа.
Comments are closed for this post.