Нон-пејперот како што објавивме уште тогаш, а кажа и специјалниот претставник на Владата, содржи размена на идеи коишто постојано ги даваме и ќе продолжиме да ги даваме се додека не ги надминеме проблемите и пречките поставени од страна на Бугарија , изјави премиерот Зоран Заев.
Напоменувам, тука е и акциониот план што заедно со министерот за надворешни работи, потпретседателот на Владата за европски прашања, кабинетите наши го изработија, а целта беше до крајот на годината да се одржи таа меѓувладина конференција на која што ќе се констатира таквиот акционен план и да биде дополнителна мотивација за поефикасна и побрза имплементација на Договорот со Бугарија. Овде беа изразени уште еднаш дополнително нашите ставови, како што е долгото и краткото име, немање територијални претензии, немешање во внатрешните работи, начините на кои ќе се справуваме со предизвиците за сопирање на омразата која е присутна од двете страни на границата и сл. Се работи за идеи кои постојано се на маса и верувам дека ќе бидат разрешница. Впрочем, тоа се работи кои и нашите владини претставници, но и бугарските владини претставници често ги адресираа во јавноста во минатото, рече Заев на новинарско прашање на прес-конференцијата за отчетот за 100 дена Влада.
Comments are closed for this post.