Планирам до крајот на годината да свикам лидерска средба, доколку, секако, тоа прв не го стори претседателот Стево Пендаровски, најави премиерот Зоран Заев на денешната конференција.

– Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побарал од претседателот Стево Пендаровски да свика лидерска средба. Јас не сум во тек со тоа, но доколку Пендаровски ја свика лидерската, тогаш јас со сигурност ќе присуствувам. Ако Пендаровски не свика лидерска, тогаш јас ќе свикам – рече премиерот.