Вицепремиерот Артан Груби на денешниот отчет за 100 дена од работењето на владата на СДСМ порача дека оваа политичка гарнитура ќе продолжи со борбата против корупцијата, за добробит на граѓаните на Македонија.

Ќе ве прашам во 2024 година дали сме работеле добро. Ја повикувам опозицијата да ја прифати нашата подадена рака. Со рушењето на дивоградбата кај Мавровка покажавме дека никој не е над законот. Продолжуваме со борба против корупцијата во земјава, истакна Груби.