Уставниот суд на 18 март ќе има полни раце работа. Покрај објавувањето на новото име на државата во Службен Весник без потпис на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, за тој ден закажана е подготвителна седница и за оценување на уставноста на указот за прогласување на законот за употреба на јазиците.
Поднесители на оваа иницијатива се професорите Тања Каракамишева, Јове Кекеновски, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и др..
Според образложението на судот во иницијативата за оценување на уставноста на указот се бара негово поништување.
Професорот Кекеновски во неговата иницијатива наведува дека „Уставниот суд мора да го има во предвид фактот дека законот за попис е објавен во службениот весник без потпис на претседателот на државата, собранието при третото читање на законот воопшто не ги земало во предвид забелешките на претседателот и поднесените амандмани од пратениците како и фактот дека е прекшен став 2 на член 173 од деловикот на работа на собранието поради тоа што од денот на усвојување на законот поминати се повеќе од 60 дена, наместо потребните 30 дена“.
Comments are closed for this post.