Министерството за здравство соопшти дека спровело постапка за јавна набавка на стоки – компјутерски томографи за потребите на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, врз основа на претходни добиени барања од наведените установи во кои е образложена потребата за ваков вид  опрема.

Ова го истакнуават од МЗ во демант на прес-конференцијата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед дека се работи за специфична медицинска опрема, посочуваат од Минстерството, во предметната постапка беа вклучени и стручни надворешни лица од двете установи, кои имаат долгогодишно искуство од оваа област, кои беа задолжени за изготвување на техничките спецификации како дел од тендерската документација, одговарање на стручни прашања во текот на техничкиот дијалог и во текот на постапката, како и да ги евалуираат пристигнатите понуди, во делот на техничките спецификации.

Министерството за здравство пред објавување на постапка за јавна набавка, а согласно Законот за јавни набавки спроведе технички дијалог, во кој сите заинтересирани економски оператори учествуваа со свои предлози и забелешки во изготувување на тендерската документација, и во најголем дел, забелешките и предлозите на ЕО кои учествуваа во техничкиот дијалог беа прифатени и инкорпорирани во тендерската документација. Во самата постапка беа поднесени понуди од страна на осум понудувачи, стои во соопштението.

Согласно извештајот доставен од стручните лица, како и врз основа на евалуацијата на останатата документација со која се утврдува способноста на понудувачите, Комисијата за јавни набавки, како што се посочува, со цел ниеден понудувач да не биде ставен во понеповолна положба или неосновано да биде отфрлен од евалација, до сите понудувачи во чии понуди недостасуваше или беше недоволно објаснета документацијата, преку ЕЈСН достави барање за дополнување/појаснување на документацијата. Во законски утврдениот сите понудувачи доставија или дадоа појаснување на бараната документација, која Комисијата ја утврди како валидна и ги оцени понудите на понудувачите како прифатливи, по што истите беа поканети на е-аукција.

По спроведената е-аукција, а согласно спроведената евалуација на Комисијата за јавни набавки, како и стручните лица ангажирани во постапката, Комисијата изготви и до одговорно лице на Министерството за здравство достави извештај за спроведена постапка, во кој даде свое образложение и предлог за избор на најповолна понуда, врз основа на што одговорно лице донесе одлука за избор на најповолна понуда.

Пред доставување на одлуката до сите понудувачи, Бирото за јавни набавки спроведе Управна контрола, врз основа на која до ДО достави Записник од спроведена управна контрола бр. 17-125/3 од 28.01.2021 година, во кој се утврдени недостатоци при спроведување на постапката, и во кој се наложува на ДО да спроведе повторна евалуација на понудите. Договорниот орган не сомневајќи се во стручноста и објективноста на Бирото за јавни набавки како орган кој е надлежен за изготвување на сите законски одредби од областа на јавните набавки, одлучи да ги прифати забелешките и да постапи според нив. Напоменуваме дека при повторна евалуација, Комисијата за јавни набавки во целост постапи по препораките дадени во записникот од управната контрола и врз основа на истите беше извршена повторната евалуација.

Врз основа на повторната евалуација направена врз основа на препораките од записникот од управна контрола, беше изготвен извештај од спроведена постапка и врз основа на истиот одговорното лице донесе одлука за избор, врз основа на што од страна на три понудувачи беше поднесена жалба. Од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки беа донесени решенија со кои постапката ја враќаат на повторна евалуација. Повторната евалуација на понудите се уште е во тек и од страна на Министерството за здравство нема донесено никаква одлука за избор или поништување, што значи постапката се уште не е завршена, односно е во тек, стои во соопштението.