Претседателот Стево Пендаровски вечерва во Париз имаше средба со Емануел Макрон.Ова е прва средба на македонски државник со претставник на официјален Париз откако Франција се спротистави Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Emmanuel Macron, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици-напиша претседателот на Фејсбук.