Иако во Собрание постои иницијатива за формирање на една изборна единица наместо досегашните шест тешко дека оваа ќе се реализира.

Причина за тоа се партиите на Албанците кои не прифаќаат ваков модел од причина што ќе изгубат значителн број гласови.

ДУИ прва се изјасни дека не се за тоа да има една изборна единица, а сомнеж изразија и Беса.Алијансата за Албанците пак бараат наместо досегашните шест, да има осум изборни единици.

За предлогот да помине во Собрание потребни се 61 глас, но и Бадентерово мнозинство.