Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, најавува можност многу скоро во Македонија да се гласа користејќи современа електронска технологија, со која спорните точки и проблемите што ги носи избирачкиот список конечно ќе исчезнат засекогаш.

 

По наша иницијатива и во соработка со партнерите од меѓународната заедница, на 17-ти месецов ќе одржиме тркалезна маса, на која ќе бидат истакнати сите придобивки од можноста на користење на модерната технологија за време на изборите. Ние на овој начин, преку знаењата и информациите на меѓународните експерти, ќе се обидеме да спроведеме иницијатива што се заговараше неколку години, според која можат да се внесат новини во гласањето. Според оваа иницијатива, преку користењето на електронскиот отпечаток, или фингерпринт, побезбедно и поточно ќе се спроведува гласањето во државата, а со тоа оваа модерна технологија и техника ќе ги анулираат сите слабости на изборните процеси што се користат досега – вели Дерковски.