Во договорот со Република Македонија од август 2017 година прво требаше да се исчистат спорните прашања и тогаш да го потпишеме. Брзањето ни беше политичка грешка, вели, меѓу другото, во интервјуто за софиски „Труд“ бугарскиот академик Георги Марков.

Одговарајќи на прашањето дали не е проблем тоа што денес како аргумент се користи современата политика, а историјата е потисната назад, академик Марков истакнува дека современата политика вели има македонска нација, а ќе има и вековна историја.

Ете го синдромот на сателит-нашата влада избрза. Вујко Сем брза да го истера дедо Иван, кој се уште има позиции во Србија и на југ во Вардарска Македонија и ете сега викаат Северна Македонија. Но, таа ја вклучува и Пиринска Македонија. Се сеќавате дека ние први ја признавме и независна Македонија во јануари 1992 година и тоа го сторивме на јуриш, без да размислуваме. Межутоа, македонизмот продолжи да егзистира врз антибугарска основа, а нивната пропаганда е протната во учебниците и во нивните мозоци, вели Марков.

Тој смета дека големите сили и денес немаат интерес Балканот да биде обединет, а во врска со последиците од евентуалната промена на границите Марков со став:

Врхушката во Македонија-политичари, историчари, новинари си го вадат лебот, добиваат пари за да лажат. Ете, сега го преведуваат Димитар Талев на „мајчин“ јазик. Каде што во текстот има Бугарин, пишуваат Македонец. Кога влегуваш во Тетово сите натписи се на албански. На Тетовскиот универзитет нема проблеми со финансиски средства, организираат конференции. Ни велат:„Ние со вас Бугарите немаме проблеми, одамна се знаеме, но има некои меѓу нас, кои ни пречат, кои не знаат што се“. А, Тетово се уште се води во Република Македонија! Албанците дури и се шегуваат со нас-ние сме братски народи, ајде да направиме една заедничка граница. А, јас ги прашувам на шега-ама по Вардар ли сакате заедничка граница? Албанците се во демографска офанзива, имаат силен национален дух, силна емиграција, која е многу приврзана кон родниот крај. Меѓутоа, обичните Македонци се многу вознемирени од тоа што се слушува и што ги чека. Кога сум патувал во Вардарска Македонија, селата може да им се со по 20 куќи, ама се густи, не се запуштени како нашите, а џамиите им штрчат како ракетни платформи. Пред десетина години зачестив на една бензинска пумпа и момчето ми вели:„Еј, брќа Бугари, не доаѓајте со автомобили, дојдете со тенкови“. Меѓутоа, врхушката си се гледа сама себе си. И сега живее во некакво европско привидение. Треба да си ги отвори очите и да види дека историјата им започнува по Втората светска војна.