Зоран Заев повторно посегнува по корупција преку вработувања во администрацијата како дел од предизборен поткуп за гласови. Во очи на изборен период се спроведуваат повеќе стотици вработувања во државни институции, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од опозициската партија тоа се стотици нови административци за задоволување на партиските апетити на СДСМ, платени од џебот на граѓаните.

Само за пример, ќе се вработуваат нови 84 лица на македонските патарини, а нели се воведува електронско плаќање? Царинската управа е нов пример со оглас за 78 вработувања со плати од 16 до 40.000 денари заради наведен зголемен обем за работа, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што додава Стоилковски наспроти се’ што од СДСМ зборуваа за администрацијата, наспроти како што ја најавуваа „функционална анализа за превработеноста во администрацијата“, наспроти најавите за префрлање на административци во приватниот сектор, власта спроведува груба, црна партизација, ново црно полнење на администрацијата, од кафекувари до советници, во очи на изборен период.