Зоран Заев денеска треба да поднесе оставка до Собранието.Со тоа тој станува поранешен премиер.Заев се повлекува согласно Договорот од Пржино според кој СДСМ отиде на избори во 2016 година и кои иако не ги доби формираше влада заедно со ДУИ.

На местото на Заев, ќе дојде досегашниот министер во МВР, Оливер Спасовски. Во МВР, Труд и Социјала и во Земјоделство доаѓаат министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Техничката влада ќе функционира до изборите на 12 април.Со објавувањето на конечните резултати, техничките министри си поднесуваат оставки и нивната функција ја преземаат замениците министри до формирањето на нова влада.