Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции и кариери се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на вишите, заеднички цели.
Ова е првата реакција на Александар Кирацовски откако тој вчера беше разрешен од функцијата Генерален секретар на СДСМ, а на негово место е назначен министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Пораката од граѓаните беше веднаш прифатена уште при нејзина испорака и беше сосема доволна, целото раководство да ја понуди својата оставка, за да, согласно досегашното искуство, нештата ги промениме на подобро. И Партијата и државата, преку прераспоредување, воведувајќи нови концепти на работа“, додава Кирацоски во реакцијата објавена на фејсбук.
Му се заблагодарува на Заев, за како што пишува укажаната доверба која сите заедно ја оправдавме.
Продолжуваме заедно напред!“, напиша Кирацоски.
Comments are closed for this post.