Градоначалникот на Град Скопје и довчерашен потпреседател на СДСМ, Петре Шилегов, вели дека тој и неговите другари потпретседатели во СДСМ, понудиле оставки на позицијата за да креираат внатрепартиски политики коишто ќе веривикуваат идна победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот и фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години.

Инаку, вчера на седница на Централниот одбор на СДСМ, според одлуката, разрешени се генералниот секретар Александар Кирацовски, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.