Паѓаат во вода сите лажни вести и измислени конструкции за наводно загрозување на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја. Се гледа јасно дека со уставните измени не се губи ништо. Напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонскиот идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет, рече пратеникот од СДСм Александар Кирацоски на денешната прес-конференција во собранието.

Тој вели дека со измените децидно се повикуваат на конкретни документи и конститутивните одлуки на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност.

Се обезбедува поцврста гаранција на границите и територијалниот интегритет. Се обезбедува грижа за Македонците и иселениците од Македонија во странство, согласно меѓународните стандарди, без мешање во внатрешните работи на било која друга држава,потенцираше пратеникот.

Ги повика сите пратеници внимателно д аги прочитаат уставните измени.

Време е сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ заеднички да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени. Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани и да гласаат по сопствено убедување, следејќи ја мнозинската волја на граѓаните, вели Кирацоски.