Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос посетата на Вашингтон ја заокружува со два дипломатски капитални улова – едниот е за „македонското прашање“, а вториот е старт на стратегискиот дијалог меѓу САД и Грција.
Катругалос соопшти дека имал два важни состанока, со Џејн Лут (за кипарското прашање) и со Метју Нимиц, за две најважни прашања со кои се соочува земјата и кои се поврзани со улогата на ОН и меѓународното право.
Со Нимиц ја потврдивме нашата посветеност на грчките обврски кон духот и писмото на Преспанскиот договор, со очигледна констатација дека тоа е на реципрочна основа, односно и на другата страна. Разговаравме за напредокот, како и за некои проблеми кои се создадоа неодамна и му се заблагодарив за значителниот придонес кој тој го даде досега за дефинитивно расчистување на тие прашања, стои во соопштението објавено и на интернет страницата на грчкото МНР.
Во кусото соопштение не се наведува дали станало збор за работа на врз анекс на Договорот, како што претходно беше најавено од Атина, односно да се вметне дополнителен протокол како составен дел на тој договор во кој ќе се стипулира дека не се потврдува постоење македонска нација и македонски јазик. Но, ако се чита внимателно соопштението, се добива впечаток дека Катругалос е задоволен од тоа што разговарал со посредникот Нимиц и можеме да претпоставиме дека Нимиц, сепак, имал разговор со македонскиот премиер Зоран Заев на тема „духот и словото на Преспанскиот договор“. Катругалос јасно кажува дека тој договор мора да има заедничко координирано читање и од Скопје и од Атина.
Што се однесува до американско-грчкиот дијалог, кој повеќе години не одеше во нагорна линија, а сега е токму на таа патека, тоа е потврдено на средбата меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео, и Катругалос. Двете страни ги делат заедничките погледи за Источниот Медитеран и за Балканот, истакнувајќи ја „заедничката визија за мирен и напреден регион, за потребата од интегрирање на Западен Балкан во Европа и во трансатлантските институции“.
САД ја поздравува улогата на Грција како лидер во регионот и нејзината визија за промовирање на регионалната стабилност и соработка, Преспанскиот договор со Скопје и неговата реализација“.
This afternoon, @SecPompeo delivered remarks with Greek Acting Minister of Foreign Affairs @gkatr as part of the U.S.-#Greece Strategic Dialogue at the State Department. @GreeceMFA @USEmbassyAthens @GreeceInUSA pic.twitter.com/HjrDFYKAJ8
— Department of State (@StateDept) December 13, 2018
Comments are closed for this post.