Семејството на убиениот навивач на Вардар, Никол Саздовски, бара 10 милиони денари отштета од двајцата обвинети за убиството, објавува МКД.мк. Како што изјавил адвокатот на семејството Саздовски, Ванчо Шехтански, барањето е веќе поднесено, одбраната на обвинетите треба да се произнесе за отштетата на 25 декември.

По извршеното вештачење на вешто лице, невропсихијатар, на петчленото семејство Саздовски кои живеат во семејна заедница, согласно член 57 и 112 од Законот за кривична постапка поднесено е отштетно побарување од 5 милиони денари од првиобвинетиот и 5 милиони денари од второбвинетиот. Овие суми се согласно просечните износи досудени за нематеријална штета за смрт на блиско лице според член 190 од Закон за облигации –  изјавил „По извршеното вештачење на вешто лице, невропсихијатар, на петчленото семејство Саздовски кои живеат во семејна заедница, согласно член 57 и 112 од Законот за кривична постапка поднесено е отштетно побарување од 5 милиони денари од првиобвинетиот и 5 милиони денари од второбвинетиот. Овие суми се согласно просечните износи досудени за нематеријална штета за смрт на блиско лице според член 190 од Закон за облигации – изјави Шехтански за МКД.мк.

Инаку, денешното рочиште од судењето беше одложено поради оправдано отсуство на еден од поротниците.

На претходното рочиште во судот беа презентирани наодите од судска медицина.

Вештото лице, доктор Златко Јаќоски од Судска медицина на рочиштето посочи дека обдукцискот наод извршен врз Никола Саздовски покажал крвни повреди на главата, поточно на левата страна на лицето и во темената регија, оштетување на мозокот и крвен подлив на градниот кош.

Според вештото лице, Саздовски бил донесен во болница во предсмртна фаза за што итно била направена реанимација, а заради неможност на функционирање на мозокот бил поставен на механичка вентилација со пропратна терапија со медикаменти.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје” во Шутка, а за третоосомничениот, Јетон Љужа, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б. (20), С.Д. (21) и Ј.Љ. (19), сите од Скопје.

Младото момче неколку дена беше во коматозна состојба во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.