Пред неколку минути специјалната обвинителка, Катица Јанева, со полициско возило ја донесоа во истражниот затвор во Шутка. Судија на претходна постапка вечерва и одреди 30 дневен притвор.

Јанева е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластувања.

Таа има право на жалба пред кривичниот совет за определена мерка притвор во следните два дена.

По барање на нејзиниот адвокат, Јанева утре ќе присуствува на погребот на нејзината мајка, која почина утрово во Гевгелија по долго боледување.