Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изгледа е осудена да игра улога на „громобран“ за сите што се инволвирани во големиот скандал со изнуда и корупција, познат како случај „Рекет“, пишува во својата анализа за италијанскиот весник „Ла верита“ новинарот Ларис Гаисер.

Овој новинар и политички аналитичар и советник од Словенија ги објави во „Ла верита“ аудио и видео материјалите на кои се гледа како за побарана сума од 8 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев се изнудуваат пари за тој да се брани од слобода. Парите ги земаат Бојан Јовански (Боки Тредичи) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), кои се во притор, а во од синоќа во притвор е и Јанева.

Гаисер во анализата пишува дека „продолжува директната контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето“.

По вчерашните случувања во Македонија, Гаисер во анализата пишува:

Катица Јанева изгледа е осудена да стане „громобран” за сите оние судии и политичари, кои се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев.

Камчев потврди, а тоа беше потенцирано и од нас, дека првите докази против Јанева беа презентирани пред повеќе од еден месец, пред приведувањето на Боки13. Повеќе од еден месец на Јовески, а посебно на Рускоска, им беше потребно да побараат притвор за специјалната јавна обвинителка. Еден месец во кој можеа да бидат уништени докази, да се влијае врз фактите и врз сведоците. Јасно е дека целиот овој систем би можел да биде објективно критикуван најмалку за негрижа, ако не и за малициозно соучесништво“.