Лидерот на Дижењето Беса, Биљал Касами, на средбите со граѓаните нагласи дека го поддржуваат Река бидејќи силно веруваат во концептот на една држава или „Република за сите“, но и дека оваа е единствениот пат што ќе ја направи Северна Македонија држава со европски вредности.

Македонците, гласајќи за професор Блерим Река, сега ја имаат шансата да докажат дали се за држава што ќе биде рамноправна, како за Македонците, така и за Албанците. Ние јавно им велиме дека без рамноправни Албанци во водењето на државата иднината на Северна Македонија ќе биде несигурна, нагласи Касами.