Независниот кандидат за претседател Блерим Река претседателската кампања вчера ја продолжи со средби со граѓани во скопските села Чифлик, Батинце, Патишка Река и Студеничани.

Тој ја нагласи важноста од масовно излегување на гласање, без оглед на партиската припадност и дека со нивниот глас покажуваат дека не се анонимни 20 отсто од гласачите.

Другите нудат конзенсуалност, што на албански значи зделка, но за жал тие и даваат приоритет на зделката со соседот, додека во нашиот случај се работи за зделка меѓу браќа од иста крв. Двајцата лидери на опозициските партии склучиле завет за да поддржуваат еден абански кандидат и со ова тие докажуваат дека се за факторизирање на албанските гласови, нагласи Река